


На 13.12.2012 во Стопанска Комора на Македонија беше успешно одржан еднодневен семинар на тема: "Ефикасно производство и поддршка на стандардите за квалитет со интегриран деловен софтвер"
Целта на семинарот беше да се презентира како да се постигне ефикасно производство преку оптимизација на процесите и поддршка на стандардите за квалитет со интегриран деловен софтвер.
За таа цел ги опфативме темите како: кои се потребите за оптимизација на бизнис процесите во една компанија, кои се критериумите за избор на ИТ партнер за имплементација и поддршка на деловниот софтвер, колку е интегрирана поддршката што ја нуди решението Pantheon со стандардите за квалитет, како и приказ на производствениот циклус во Pantheon.
Сашо Јованоски, директор на Даталаб МК ги презентираше успешните примери од имплементации на Pantheon во производтствените компании во Македонија и Адриатик Регионот.
После семинарот се разменија мислења со компаниите околу реалната потреба од имплементација на квалитетни софтверски решенија, поддршката што ја нудат во имплентацијата на стандардите за квалитет, како и проблематиката со која се соочуваат во секојдневното работење.