ГОРД Системи е независен понудувач на софтверски решенија и услуги фокусиран на развој на eBusiness решенија за Здравство, Јавен сектор, Мали и средни претпријатија итн. Компанијата, основана во 1989, е водечки испорачател на ИТ решенија во земјата. Ваработените се искусни ИТ специјалисти и консултанти со длабоко разбирање на бизнис процесите во одредени индустриски сектори.
Нашите софтверски решанија им помагаат на организациите да ги подобрат и автоматизираат главните деловни процеси, давајќи им слобода во воведувањето на целосна контрола над нивните деловни процеси и нивно целосно фокусирање на развој на бизнисот.
Нашата мисија е испорака на високо квалитетни софтверски решенија и ИТ услуги кои ги задоволуваат критериумите на меѓународните стандари.
Нашата цел е да постигнеме значајна продажба во ЕУ и САД во наредните 3-4 години, со понуда на конкурентни софтверски решенија и услуги за глобалниот пазар.
Нашата визија е, нашите продукти и бренд да станат светски препознатливи како знак за квалитет, употребливост и деловен успех.
Компанијата инвестира во развој на човечки ресурси и имплементација на стандарди за манаџмент на квалитет, подобрување на софтверските процесите и ИТ сигурност.
Искуството на нашиот тим во подобрувањето на деловните процеси и нивната автоматизација, како и ефикасната и флексибилната политика за техничка подршка на клиенти, ја разликува нашата компанија од конкуренцијата.