header_ito

Logo-GordSys_1.1_827x472_1

Политика за квалитет

Преку својата политика за квалитет, компанијата Горд Системи дооел ja истакнува својата определба за обезбедување на контрола на квалитет на своите производи и услуги, како и барањата на своите клиенти.
Главна дејност на компанијата е изработка и имплементација на на високо квалитетни софтверски решенија и ИТ услуги.
Во управувањето со деловените процеси во компанијата, менаџерскиот тим се раководи по принципите на моделот CMMI (Capability Maturity Model Integration). Во Август 2006 год., компанијата го воведе стадардот IT Mark, базиран на CMMI Level2/C, IT Security и 10squared bussiness assessment method, со цел да обезбеди постојан квалитет на своите производи и услуги, кој постојано ќе го надградува и унапредува.
Во Ноември 2008, компанијата го воведе IT Mark Premium стандардот базиран на CMMI Level II/SCAMPI B, кое претставува повисоко ниво на IT Security и '10squared business assessment' метод, со цел да обезбеди подобар квалитет во пружање на услугите и производите.

Во Март 2010, во компанијата е воведен стандардот CMMI ML2 (CMMI Maturity Level II/SCAMPI A), уште повисоко ниво на контрола на квалитетот и деловните процеси за развој на софтвер во компанијата.

Трајна определба на компанијата е воведените стандарди континиурано да се усовршуваат и надоградуваат на повисоки нивоа.
Начелата на нашата политика за квалитет се базирани на:
•    Изработка на високо квалитетни софтверски продукти и услуги
•    Следење и примена на најсовремени технолошки достигнувања и нивна имплементација во компанијата, со цел испорака на светски препознатливи производи, услуги и лидерство во регионот
•    Грижа за корисници
•    Постојано стручно оспособување и усовршување на вработените, создавање на средина во која вработените ќе бидат мотивирани за ефикасно извршување на работните задачи
•    Политиката за квалитет јавно е достапна на интернет страницата на компанијата и е комуницирана со вработените
 
Генерален Менаџер