header_ito

Logo-GordSys_1.1_827x472_1

Организиран семинар за бизнис анализа, планирање и менаџирање на 25.04.2012 во Стопанска Комора на Македонија

 index

На 25.04.2012 тимот на ГОРД Системи организираше еднодневен семинар "Бизнис анализа, планирање и менаџирање - Нови алатки и методи за успешно управување со компанијата" во Стопанска Комора на Македонија. Семинарот беше наменет за бизнис аналитичари, планери и менаџери, со цел да се презентираат нови алатки и методи за бизнис анализа, стратешко планирање, буџетирање и репортирање.

teaser_business-analytics.400x300_02

Беа обработени повеќе теми, во главно на компаниите им беа презентирани последните трендови за интеграција на Business Intelligence алатки (OLAP) во секојдневното деловно работење. Поконкретно, како Business Intelligence алатките интегрирани со квалитетно ЕРП решение го подобруваат менаџмент процесот, обезбедуваат брза, точна и едноставна анализа на податоците, при тоа поставувајќи платформа за точно планирање на ресурсите и проекции на идни трендови.

 

Во согласност со планираната агенда, прво се дискутираше за проблемите и потребите на компаниите кога станува збор за анализирање на податоците со цел планирање на идните акции и донесување одлуки за стратегиите на компанијата. Беше презентирана и методологијата и целта на алатките за бизнис интелигенција (BI) како основа на бизнис анализата и планирањето во компаниите.

Потоа, се дискутираа типовите на алатки за бизнис интелигенција и важноста на ИТ партнерот кој ја поддржува компанијата во имплементација на BI алатки. Беа презентирани двата начина за имплементација - имплементација на самостојни BI алатки (како IBM SPSS производите и услугите) и имплементација на деловен систем со интегрирани BI алатки (Pantheon со ZEUS и интегриран OLAP).

Беше направена и презентација за начинот на функционирање и употреба на ZEUS модулот и OLAP интегрирани со Pantheon, како и сите можности за планирање, анализа и репортирање што ги нудат овие решенија. Беа презентирани начините за вршење на едноставни и брзи анализи на клучни податоци и нивно пренесување во различни извештаи соодветни за потребите на аналитичарите, планерите и top-level менаџментот.

Последниот дел од семинарот беше фокусиран на добрата практика од Македонија и Адриатик регионот. Беа презентирани искуствата и бенефитите на компаниите кои имплементирале вакви интегрирани системи со BI алатки.

По семинарот се разменија мислења со компаниите околу реалната потреба од имплементација на алатки за Business Intelligence, поддршката што ја нудат компаниите во имплентацијата на вакви системи, како и проблематиката со која се соочуваат во секојдневното работење.