header_ito

Logo-GordSys_1.1_827x472_1

Успешно организиран настан за Predictive Analytics

header_image_news_2

ГОРД Системи и PREDICTA организираа настан за Predictive Analytics кој се одржа на 29.05.2012, во Стопанска Комора на Македонија. Настанот беше првенствено наменет за Извршни Менаџери, Менаџери од оддели Маркетинг, CRM, Risk Management и сл. Конкретно, настанот беше насочен кон банкарскиот и телекомуникацискиот сектор и бенефитите од имплементација и употреба на алатки за Predictive Analytics во овие сектори.

Настанот започна со презентација на причините зошто на организациите им е потребно Predictive Analytics. Беа дискутирани различни ситуации и фактори кои влијаат на организациите, како и реперкусиите од употреба наспроти неупотреба на вакви алатки.

Потоа беа презентирани четирите производни фамилии на IBM SPSS продуктите:

Data Collection алатки за креирање и дистрибуирање прашалници преку било каков канал, на различни јазици, од било која локација, со цел да се добие јасна слика за различните мислења, потреби и ставови на испитаниците.
Statistics алатки за напредна статистичка анализа на податоци, идентификација на трендови, креирање на точни проекции и предвидувања на идни акции.
Modelling алатки за брзо и интуитивно градење на модели користејќи моќни алатки за data mining.
Decision Management алатки за автоматско донесување/спроведување на оптимизирани одлуки во моментот на најголемо влијание со цел постигнување супериорни резултати.

SPSS_product_families

Следниот дел од настанот беше презентација на реален случај од страна на Билјана Македонска - Панева, Раководител на Служба за управување со односи со корисници, во Македонски Телеком. Случајот беше всушност презентација на начинот на кој што во Телеком се користат IBM SPSS алатките во секторите Управување со односи со корисници и Маркетинг. Г-ѓа Билјана го објасни целиот процес на имплементација, од почетните фази па се до сегашната состојба, вклучувајќи ги и сите неопходни пререквизити за поставување на ваков систем, и уште позначајно, бенефитите од правилна употреба на системот и алатките.

Последниот дел од настанот се состоеше од презентација на други случаи од банкарскиот и телекомуникацискиот сектор во кои организациите интензивно ги користат IBM SPSS Predictive Analytics алатките, и тоа не само за CRM и Marketing, туку и за Risk Management, анализа, планирање и донесување на одлуки. Потоа компаниите ги споделија своите мислења и ставови за користење на вакви алатки, како и сите проблеми со кои се соочуваат секојдневно поврзани со (не)употребата и недостапноста на вакви алатки.

predicta_logo

Logo-GordSys_1.1_200x114_1