header_erp_goprint

Logo-GordSys_1.1_827x472_1

GoPrint – ERP решение за печатарската индустрија

 GoPrint

GoPrint овозможува оптимизација на процесите припрема (prepress) и производство, истовремено намалувајќи го производствениот отпад. Корисниците имаат можност да го анализираат времето на производство, утрошена работната сила и материјал, како и споредба на планирано и реализирано производство.

Модулот за контрола на квалитет, овозможува испорака на производи со планиран квалитет базиран на светски познати стандарди за квалитет, како ИСО 9001. Дополнително, ги елиминира грешките во производството и ја зголемува целосната контрола на производствениот процес. Овозможена е целосна следливост на квалитетот од приемот на суровини па се до испорака на готовиот производ. Корисникот може да дефинира сопствени правила за текот на производниот процес, критериумите и атрибутите за менаџмент и контрола.

Модулите за Калкулација за производствената цена и Подготовка на понуди им обезбедуваат на тимовите за продажба и производство презцизни информации подготвени за доставување токму кога им се потребни на клиентите. Корисникот може да ја пребарува базата со минати калкулации и да се повика на некоја која има слични барања. Со промена на правилата или параметрите, новата калкулација на цена може да биде подготвена за многу кратко време и доставена до клиентот во печатена или електронска форма.

Решението овозможува преглед на севкупниот трошочен менаџмент на финалниот производ, имајќи ги во предвид директните и индиректните  трошоци за производство.

Business Intelligence модулот им помага на менаџерите да добијат комплетна слика на бизнисот вклучувајќи го производството, продажбата, човечките ресурси итн. Дополнително, Business Intelligence извештаите се алатка со која менаџерскиот тим носи навремени деловни одлуки и добива реални насоки за развој на корпоративни планови.

GoPrint може да работи самостојно или како модул целосно интегриран со ЕРП решение (материјално и финансово работење, персонална евиденција и пресметка на плати, основни средства, благајна), како на пример Datalab Pantheon.

Потребна опрема

ОС: Linux, Windows
База: Oracle (првичен избор); останати како  SQL Server (потребна е адаптација)
Клиент: Интернет пребарувач (IE, Mozila)
Сервер: Apache, IIS
HW(хардвер): стандардната конфигурација ќе ги опфати поголемиот број на потреби
Хостирање: (ASP со техничка поддршка): Да
Тренинг: 2 дена тренинг доволно за да се опфати поголем дел од опциите

Референци

Бато и Дивајн, Скопје, МК; печатница, 2008
Гинис, Прилеп, MK; печатница, 2009

Останати информации

  • Дополнителен  развој на функционалности
  • Имплементација на решението
  • Услуги за хостирање