header_ito

Logo-GordSys_1.1_827x472_1

Профил на компанијата

ГОРД Системи е независен понудувач на софтверски решенија и услуги фокусиран на развој на eBusiness решенија за Здравство, Јавен сектор, Мали и средни претпријатија итн. Компанијата, основана во 1989, е водечки испорачател на ИТ решенија во земјата. Ваработените се искусни ИТ специјалисти и консултанти со длабоко разбирање на бизнис процесите во одредени индустриски сектори.
 
Нашите софтверски решанија им помагаат на организациите да ги подобрат и автоматизираат главните деловни процеси, давајќи им слобода во воведувањето на целосна контрола над нивните деловни процеси и нивно целосно фокусирање на развој на бизнисот.
 
Нашата мисија е испорака на високо квалитетни софтверски решенија и ИТ услуги кои ги задоволуваат критериумите на меѓународните стандари.
 
Нашата цел е да постигнеме значајна продажба во ЕУ и САД во наредните 3-4 години, со понуда на конкурентни софтверски решенија и услуги за глобалниот пазар.
 
Нашата визија е, нашите продукти и бренд да станат светски препознатливи како знак за квалитет, употребливост и деловен успех.
Компанијата инвестира во развој на човечки ресурси и имплементација на стандарди за манаџмент на квалитет, подобрување на софтверските процесите и ИТ сигурност.
Искуството на нашиот тим во подобрувањето на деловните процеси и нивната автоматизација, како и ефикасната и флексибилната политика за техничка подршка на клиенти, ја разликува нашата компанија од конкуренцијата.

            Главни конкурентски предности на компанијата

  • Препознатлив лидер на пазарот во земјата во области како Здравство, Локална самоуправа и Мали и Средни Претпријатија
  • Искуство на меѓународни проекти
  • Грижа за задоволство на клиентите
  • Имплементирани процедури и методологии за обезбедување контрола на квалитет
  • Имплементиран IT Mark стандард (базиран на CMMI и IT Security ISO 17799/ISO27001)

    Учество на меѓународни саеми/изложби

  • CeBit ‘08, Март-2008, Хановер, Германија
  • CeBit ‘07, Март-2007, Хановер, Германија
  • BaitExpo 05, Октомври-2005, Софија, Бугарија
  • Systems 04 & 03, Октомври-2004/03, Минхен, Германија
  • InternetExpo ‘03, Фебруари-2003, Цирих, Швајцарија
  • CeBit ‘02, March-2002, Хановер, Германија

    Генерални информации
  • Софтверси решанија за: Здравство. Локална Влада, Јавен сектор, Влада, Мали и средни претпријатија итн.
  • MyWebPortal (Веб Портал Дизајн, Контент/Документ Менаџмент, Дата и Апликациска интеграција, платформа за развој на Е-Бизнис решенија; http://www.my-WebPortal.com)
  • ГОРД ЕРП (Интегриран Деловен Информатички Систем за Мали и Средни Претпријатија, вклучувајќи Финансии, Материјално работење, Менаџмет на човечки ресурси, Менаџмент на средства, Производсвто, Извршен информатички систем)
  • MyHealthPortal (Слично со MyWebPortal, но посветено на здравствен сектор http://www.my-HealthPortal.com)
  • IMIS (Интегриран Медицински Информатички Систем)
  • CalCor (Решение за Здравство, Кардиологија)
  • PCP / Private Consulting Practice (Решание за здравство за приватни лекари)
  • DiabCare (Решание за здравство за дијабетес)
  • MyDataComponents (Алатка за програмирање)
  • Cadastre (GIS Решанија за манаџмент на катастар
  • OpenMineData (GIS Решание за копање на јаглен)

       
         Услуги

  • Услуги за развој и имплементација на софтвер во околини како, ORACLE, IBM, Microsoft, Boorland and Open Source;
  • Бизнис Процес Анализа, Реинженеринг на процеси, Стратегиско планирање, Тренинг
  • Проект менаџмент и мониторинг
  • Дизајн и имплементација на BI (Business Intelligence) решенија
  • Дизајн и имплементација на сигурносен ID Management системи во Интернет/Интранет околина
  • Имплементција на Groupware (интерни комуникации)
  • Системска интеграција (Интеграција на бази на податоци и апликативни решенија базирана на директен достап и Web Services технологија)ASP (Application Service Provider) сервиси базирани на наши и партнерски eBusiness решенија

 
         Имплементирани стандарди за Менаџмент и Обезбедување на квалитет

  • IT Mark сертификат издаден од  ESI (European Software Instiutre), базиран на CMMI (Обезбедување на квалитет и подобрување на деловните порцеси за развој на софтвер), ISO17799/ISO27001 стандарди и 10squared методa за проценка на бизнисот