header_ito

Logo-GordSys_1.1_827x472_1

Покана за студенти од е-Бизнис за изведување студентска пракса

ГОРД Системи Сервиси е софтверска компанија која подолго време соработува со е-Бизнис департманот при Економскиот Факултет во Скопје.
Досега, поголем број студенти од е-Бизнис имаат извршено студентска пракса и изработено дипломска работа во фирмата, а дел од нив и се вработиле во фирмата.

Во моментов, се формира нов тим за работа на проекти со странски клиенти и фирмата има потреба од 3-4 практиканти, студенти на 4та година на е-Бизнис департманот.
Вообичаена практика на ГОРД е првенствено да вработува студенти кои биле на пракса во фирмата.
 
Дел од предвидените работни активности и обука од домен на Маркетинг, Продажба, Контрола на квалитет и имплементација на софтверски решенија, како:
* Мобилни апликации (Android, iOS, BlackBerry, Win Mobile)
* Web Design, CMS
* Business Intelligence
* ASP/SaaS услуги
* ERP/CRM решенија (DataLab Pantheon, SugarCRM)
* еCommerc и други web решенија
* Алатки за тимска работа (Groupware, Project Menagement, SW design)

Фокус на фирмата е извоз на софтверски производи и услуги, особено во доменот на мобилни решенија и веб услуги. Фирмата планира оваа година да вработи 3-4 студенти дипломирани на е-Бизнис  департманот.
 
Заинтересираните студенти може да достават CV на email: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Повеќе информации за фирмата: http://www.gord.com.mk

ГОРД Системи Сервиси,
Ф.Рузвелт 6/Гал 6, 1000 Скопје, Македонија
Тел:+389 2 3163-419,

e-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
http://www.gord.com.mk

.