header_ito

Logo-GordSys_1.1_827x472_1

Еднодневен семинар: Имплементирање на Pantheon ЕРП решение во компании од Текстилната индустрија

На ден 19.12.2014 беше одржан еднодневен семинар со цел запознавање на претставниците од компании од Текстилната индустрија во Македонија со предностите од имплементацијата на софтверското решение Pantheon (ERP систем).

На презентацијата им беше објаснато како ова решение успешно ќе им помогне да остварат контрола над своите производни процеси, и да имаат детална евиденција врз количината на производите, материјалите и начините на производство (преку планирање и следење на ресурсите кои секојдневно се вклучени во начинот на производство).

Преку примери им беше објаснато како ефикасното користење на решението ќе им донесе заштеда на средства бидејки во секое време ќе знаат колку е нивната залиха и колку време им е потребно за изработка на некој производ и секако колку лица се потребни за изработка (преку детална евиденција за секој работен налог).

Беа опфатени сите клучните аспекти добиени преку бизнис анализата на работењето на текстилните компании кои се значителен индустриски сектор во нашата држава.

За време на презентациите но и по завршувањето на семинарот беа поставувани голем број на прашања од страна на присутните и беа разгледани сите проблеми со кои тие се соочуваат низ секојдневното работење и како сите тие да се надминат со имплементирањето на ова софтверско решение.

 


 

.