header_ito

Logo-GordSys_1.1_827x472_1

Презентација на тема: Електронска Архива

На 21.01.2015 во просториите на нашата компанија беа одржани две презентации на тема: "Ефикасно имплементирање на софтверското решение Бизнис Навигатор со фокус на Модулот за Архивско Работење".

Главен фокус на презентацијата беа измените во законот за Архивско работење и идеалните можности работењето да се олесни со имплементација на софтверско решение.     

Валентина Дојчиновска, менаџер на одделот за развој на софтверски решенија детално го презентираше изработениот модул за Електронско работење.

Со цел сеопфатно објаснение беа опфатени темите како: 

      - Заведување и понатамошна обработка на документи : поврзување, развод, реверс, попис и отпис на документи

      - Менаџирање со законски пропишаните книги деловодник, книга на место, пошта и интерна доставна книга

      - Користење на напредни функционалности за брзо пребарување на заведените документи 

Присутните имаа можност преку примери да воочат како  овој софтвер ќе им го олесне работењето а воедно и ќе им ги намали можностите за погрешно менаџирање со обработката и чувањето на влезните и излезните документи. 

По завршувањето на презентациите присутните го изразија своето задоволство од успешно изработениот софтвер кој целосно ги задоволувања барањата на законот за  Архивско работење.

Оваа презентација овозможи склучување на соработка со фирми од различни сектори и големини.

 

.